Наредниот период ќе се намалат продажните цени на готовите производи и просечните набавни цени на инпутите. Оценката на раководителите од прерабoтувачката индустрија е дека економската состојба на деловните субјекти за јуни е поповолна во однос на мај оваа година. Обемот на производството за јуни бележи значителен пораст, а залихите на готовите производи се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти е зголемено и изнесува 59.5 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството има недоволната странска побарувачка со 26 отсто, недоволната домашна побарувачка со околу 18 проценти, финансиските проблеми со 12 отсто и неизвесното економско опкружување со околу 10 проценти.
Наредниот период ќе се намалат продажните цени на готовите производи и просечните набавни цени на инпутите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Оценката на раководителите од прерабoтувачката индустрија е дека економската состојба на деловните субјекти за јуни е поповолна во однос на мај оваа година.
Обемот на производството за јуни бележи значителен пораст, а залихите на готовите производи се намалени во споредба со претходниот месец.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти е зголемено и изнесува 59.5 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството има недоволната странска побарувачка со 26 отсто, недоволната домашна побарувачка со околу 18 проценти, финансиските проблеми со 12 отсто и неизвесното економско опкружување со околу 10 проценти.